Офицери и војници на АРМ во битка против пламените јазици во Требовље

by fokus

Пожарот во Македонски Брод има тенденција за ширење кон атарот на село Здуње и село Требовље во близина на првите куќи, изјави вечерва владиниот портпарол Миле Бошњаковски, со што се потврдија информациите на „Фокус“ дека пожарот стигнал на пет метри до куќите во Требовље.

-Во текот на денешнот ден активирани се дополнително два пешадиска вода од четвртиот баталојн на АРМ од Кичево кои се веќе на терен. Таму се наоѓа и командантот на Здруженате оператива команда ЗОК, генералот Зоран Милевски. Вкупно има 60 официери и војници на АРМ кои на терен се справуваат со гасење на овие пожари, рече Бошњаковски.

Портпаролот на Владата информираше дека во моментов тече 18. владината седница и дека првата точка на дневен ред е да се свика Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи кои ќе ги разгледаат овие информации околу пожарите посебно за ситуација околу Македонски Брод.

Управувачкиот одбор, во кој членуваат владините министри за одбрана, внатрешни работи, транспорт и врски и здравство како и директорот на ДЗС, вечерва одржува кординација на ова тело кои, а, според Бошњаковски, уште ноќва ќе преземат активности за ситуацијата за да се стави целосно под контрола.

Поврзани новости