394
Одѕивот на гласачите до 11:00 часот врз основа на податоците од Државната изборна комисија за 3.134 избирачки места од 3.480, во сите шест изборни единици, е 11 отсто. До 11:00 часот на гласање излегле 199 495 граѓани, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
Во ИЕ – 1 одѕивот бил 13, 7 отсто, во Втората изборна единица 9,64 отсто, во ИЕ 3 одѕивот до 11:00 часот бил 13,08 отсто, во изборната единица четири одѕивот на гласачите бил 13,46 отсто, во Петата изборна единица одѕивот бил 10,55, и во Шестата изборна единица 6,04 отсто.
Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 613 гласачи во Шест изборни единици.