Одземени пасошите на Аљими и Гури, по пресудата за „Титаник 3“

by fokus

Ејуп Аљими и Исмет Гури кои денеска со првостепена пресуда беа осудени на казна затвор од три години и шест месеци, како обвинети во случајот „Титаник 3“, ќе останат без своите пасоши.

Кривичниот суд делумно ги прифати предлозите на обвинителкат Фатиме Фетаи, која побара на осудените да им бидат одземени пасошите, но и да им се забрани да го напуштаат градот во кој живеат.

Моментално границите на земјава може да ги напушти било кој граѓанин доколку потпише изјава дека нема да се врати во наредните месеци, а на Гури и Аљими овие мерки ќе им траат до правосилност на пресудата, односно и по вонредната состојба која е прогласена во државата.

Поврзани новости