Одземена документацијата на Ивица Коневски, СЈО влезе во Општина Аеродром

by fokus

Специјалното јавно обвинителство влегло во Општина Аеродром, пренесуваат од Макфакс.

Имено, по краток увид, истражителите ја одзеле целокупната документација водена во периодот додека прв човек на општината бил Ивица Коневски.

Вработените во општината на истражителите на СЈО им отстапиле деловни книги, проекти, фактури кои во картонски пакети биле изнесени од Општината. Посетата на истражителите во Аеродром била пред десетина дена.

Поврзани новости