264
Новинските агенции јавуваат дека Францускиот организациски комитет на Олимписките игри (ОИ) во Париз ја повлекол акредитацијата на четворица руски новинари кои веќе присуствувале на некои спортски настани.
Повлекувањето на акредитацијата е „сосема неочекувано“, оцени агенцијата ТАСС, прецизирајќи дека на церемонијата на отворањето и на неколку настани на Олимпијадата веќе присуствувале неколку руски новинари.
Во меѓу време Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) не реагираше на таа одлука.
Инаку само 15 руски спортисти се акредитирани да се натпреваруваат на Олимпијадата со неутрален статус, бидејќи повеќето спортски федерации им забранија на Русите да се натпреваруваат поради војната во Украина.