Наталија Антјух повеќе не е олимписка шампионка на 400 метри со пречки. Одземен е нејзиниот златен медал од Летните олимписки игри во Лондон 2012 поради користење недозволени средства.
Се очекува на Лашинда Демус од САД, која беше второпласирана во трката пред 10 години со задоцнување од седум стотинки, да ѝ припадне златото.
Зузана Хејнова од Чешка треба да биде „сребрена“, додека Калисе Спенсер од Јамајка се закити со бронзата.
Со одлука наСудот за спортска арбитража, на Русинката Антјух од 2013 до 2015 година ѝ беа поништени сите резултати и доби четиригодишна суспензија.
Новата одлука ја донесе Одделението за атлетска заштита врз основа на лабораториски резултати во Москва и одлучи да поништи сè што Антјух остварила од 15 јули 2012 година до 29 јуни 2013 година.