Одземен телефонот на пратеникот Трајко Вељаноски, по наредба на обвинителството

by fokus

Пратеникот Трајко Вељановски не беше уапсен во акцијата која МВР ја спроведе во утринските часови во вторникот, а во која беа приведени 24 осомничени за насилството што се случи на 27 април во Собранието, но сепак му бил одземен неговиот телефон, објави Дојче Веле, повикувајќи се на неофицијални извори од истрагата.

Медиумот објави дека телефонот му бил одземен и на пратеникот Весел Мемеди.

Од истрагата засега не соопштуваат детали, но се претпоставува дека нивните телефони содржат информации за одредени комуникации во критичниот ден, кои би можеле да помогнат во расветлувањето на одредени активности на 27-ми април. Засега не е јасно дали сомнежот е поврзан за нивна меѓусебна комункикација или за нивна комуникација со други лица.

Поврзани новости