Одземен имунитетот на судијата Ристов, одобрен куќен притвор и суспензија

by irena 16:48
16:48

На денешната итна седница, Судскиот совет со 10 гласа „за“ го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Со одлуката е одобрен и предлогот на Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка куќен притвор.

Членовите на Советот едногласно одлучија судијата Ристов времено да биде оддалечен од вршење на судиската функција.

Ристов се товари за „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари“. Акцијата следува по откривањето на 350.000 евра заѕидани во ѕид во домот на неговите родители во Неготино.

Покрај куќниот притвор, Основното јавно обвинителство побара и привремено одземање на патната исправа на судијата, со забрана за издавање нова. Од обвинителството нагласуваат дека постои основано сомневање дека пронајдените пари се незаконски стекнати.

Слични вести