472
Дождот што го зафати регионот на Пијанец резултираше со појава на одрони на магистралата Делчево – Македонска Каменица. Одроните се најзабележливи на потегот од село Очипала до село Илиово.
Од ЈП “Македонија пат” апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината на условите на патот.
– Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сепак поради слабиот дожд и можната повторна појава на одрони апелираме возачите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, се вели во соопштението од ЈП “Македонија пат”.