Одредени термините за осминафиналните дуели на Вардар со ПИК Сегед во ЛШ

by fokus

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во соработка со клубовите и ТВ куќите кои ги вршат преносите од Лигата на шампионите ги одредија термините и саатниците за осминафиналните дуели.

Вардар во осминафиналето ќе игра со ПИК Сегед, а првиот меч е во Скопје, додека реваншот во Сегед, Унгарија. СЦ „Јане Сандански” ќе биде домаќин на 22 март (недела) со почеток во 17 часот.

- Advertisements -

Реваншот ќе се игра следната недела, 29 март со почеток во 17 часот.

Победникот од овој дуел ќе игра во четвртфиналето против победникот од средбата Висла – Веспрем.

Поврзани новости