Одредени довикувања, но без инциденти на Мечкин Камен

by Fokus

Чествувањето на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево помина без инциденти. Посетителите беа сведоци на одредени довикувања, но се помина без проблеми.

На одбележувањето на Илинден во Крушево покрај владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев, присуствуваат и амбасадори и други високи меѓународни претставници, воени аташеа, претставници на политички партии, претставници од Мисијата на НАТО, граѓани, гости од речиси сите градови на државата.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во изјава за медиумите рече дека со променетата саатница биле оневозможени да полжат цвеќиња во Македониумот, а нивни приврзаници да дојдат на Мечкин Камен.

Поврзани новости