Одредена највисоката затворска казна за немирите за Мартин Нешковски

by Фокус

Казна затвор од две години и четири месеци му е одредена на Бошко Ј. познат како Црвениот за учество во толпа што спречува службено лице во извршување на должност, односно за немирите пред Влада кога граѓаните спонтано излегоа да протестираат против обидот на власта да ја сокрие вистината за Мартин Нешковски.

Откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави аудиоснимки на кои се слуша како власта и челниците на ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да ги заштитат своите приврзаници, а целата одговорност да ја пренесат на специјалецот Игор Спасов, кој е осуден на 14 години затвор, граѓаните масовно излегоа на спонтан протест. Немирите настанаа кога група провокатори упадна на протестот при што се случија низа физички инциденти.

Казната на Душко Црвениот е највисоката за овој случај затоа што тој не го призна делото, но судот имаше снимки на кои се гледа како тој е во судир со полицајците. Останатите кои учествуваа во толпата беа казнети пред извесно време со условни осуди. Исто како што денеска беше казнет уште еден учесник во немирите. Затворска казна од 10 месеци имаше за вујкото на Нешковски.

Тоа што е спорно е зошто не беше покренато обвинение против сите кои се гледаат на снимките. Јавното обвинителство пристрасно избра само 15тина против кои поведе постапка, но ни и против другите кои, иако е јасно дека удираат врз полицијата а останаа заштитени. Дали меѓу нив се кријат провокаторите на власта?

 

Поврзани новости