Уапсените припадници на косовската полиција Р.З., Б.С. и М.Ш. одреден им е притвор, соопшти Обвинителството во Краљево.
„По повод настаните од 14 јуни оваа година во село Гњилица, општина Рашка, Вишото јавно обвинителство Краљево на денес донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничените Б.С. (1965), Р.З. (1975) и М.Ш. (1961) поради постоење основи на сомнение дека сториле по едно кривично дело Неовластено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи од чл.348 ст.4 во врска со 2 во врска со ст.1. Кривичниот законик“, соопшти Обвинителството. .
Според предлогот на јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство Краљево, судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Краљево им одреди притвор на сите осомничени.
Пред два дена припадници на српското Министерство за надворешни работи лоцираа и уапсија тројца припадници на косовската полиција Р.З, Б.С. и М.Ш. Властите во Белград велат дека косовските полицајци биле уапсени длабоко на територијата на централна Србија, а официјална Приштина тврди дека биле „киднапирани“ на територијата на Косово.
По инцидентот, Владата на Косово одлучи да го забрани увозот на стоки од Србија, јавуваат косовските медиуми.
Вучиќ ги демантираше наводите на официјална Приштина дека во апсењето учествувала и војската на Србија, а тоа го знае и КФОР.
Косовскиот премиер Аљбин Курти побара итно ослободување на тројца косовски полицајци и оцени дека оваа акција на Србија „е агресија врз Косово“.
„Тоа беше агресија врз нашата демократска држава. Одмазда на полицијата која се бори против криминалот и намерите за ескалација и дестабилизација, бидејќи предложивме план од пет точки за деескалација и нормализација“, рече Курти по седницата на Советот за безбедност на Косово што се одржа утрово.
Тој додаде дека Србија ја загрозила границата на Косово и дека тоа ја принудува Владата да ги зајакне граничните контроли.
За инцидентот вчера се огласи и Стејт департментот, кој побара Србија да ги ослободи косовски полицајци, а од Косово да ја повлече својата полиција.