Одреден притвор за двајцата насилници кои тепаа девојка во Штип

by Fokus

Заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил информираше за мерката која ја добија двајцата насилници од Штип.

-Одредена е мерка притвор за двајцата насилници од кои вчера целата македонска јавност беше згрозена. Санкции мора да има, напиша Петровска.

Имено, осомничените во текот на јануари годинава, заедно извршиле грубо насилство врз девојка од Штип, а ОЈО Штип поднесе предлог за определување притвор на двете лица.

 

Поврзани новости