Одреден притвор на таткото на осомничениот за убиството на Данка

by Fokus

На Раде Драгијевиќ, таткото на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиство на малата Данка Илиќ, му е одредена мерка притвор од 30 дена.

Раде Драгијевиќ се бранел со молчење во обвинителството. Тој по совет на својот адвокат одлучил да не одговара на прашањата на обвинителот, што е негово право според законот.

Адвокатот му го нашла сопругата Светлана Драгијевиќ.

Доцна во ноќта, во полициското одделение почина Далибор Драгијевиќ (40), брат на осомничениот за убиство Дејан Драгијевиќ, кој вчера доби притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на својот брат.

Поврзани новости