341
Изборите во Бугарија ќе се одржат на 2 април, истакна денеска првиот човек на нашиот источен сосед, Румен Радев за тамошните медиуми. Тој додаде дека наредниот месец ќе даде указ за распуштање на Народното собрание.
Засега нема повеќе детали за одржувањето на изборите, а Радев само ги повика политичките партии да работат на намалувањето на корупцијата во државата.