Односите помеѓу НАТО и Русија на најниско ниво

by fokus

Односите помеѓу НАТО и Русија се на најниско ниво од крајот на Студената војна, оцени генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на прес-конференција ден по протерувањето на осумте припадници на мисијата на Русија во НАТО во Брисел.

Тој рече дека одлуката за протерувањето не е поврзана ниту со еден конкретен настан, но, според него, Северноатлантската алијанса мора да биде внимателна пред малигните руски активности.

Како што рече генералниот секретар, станува збор за осум „непријавени руски разузнавачи“, односно нивните активности не биле во согласност со нивните акредитации.

Кремљ, пак, денеска се огласи дека одлуката на НАТО во целост ги поткопува надежите за нормализација на односите помеѓу Русија и Алијансата.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека потезите на НАТО не покажуваат дека односите би можеле да се нормализираат, ниту пак дека е можно продолжување на дијалогот.

Поврзани новости