Одлуката за унапредување на одредени вработени во Универзална сала била донесена од страна на претходниот директор, Филип Аврамчев, вели сегашниот директор, Горјан Христовски. Неговата изјава следи по вчерашната расправа на седницата на Советот на Град Скопје, а на која дел од советниците реагираа на барањата за унапредување со оглед дека оваа установа не функционира со години.
„Со започнување на реконструкцијата на ЈУ Универзална сала-Скопје во месец јуни 2021 година, а согласно претходно спроведена Функционална анализа и усвоен Правилник за систематизација на работните места во ЈУ Универзална сала-Скопје со број 02-200/2 од 18.09.2020 год., усвоен од страна на Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА),со Согласност бр.12/6-3183/4 од 22.09.2020 год., се изврши реорганизација во процесот на работење на установата. Поради ова тогашниот Директор на установата Филип Аврамчев донесе Решенија за распоредување на работни места на дел од вработените“ вели Христовски во дописот до медиумите.
Барањата за унапредување се однесуваат на домаќинот, хаусмајсторот, хигиеничарот и возачот, за кои се бара да бидат унапредени во сценски работници и тон-мајстори.