427
Францускиот премиер Едуар Филип денеска потврди дека одлуката за отворање на надворешните граници на ЕУ ќе биде донесена по 15 јуни со заедничка европска координација, јавува дописникот на МИА.
Франција, според Филип, го поддржува повторното отворање на границите во ЕУ, откако најпрво се осврна на прашањето за надворешните граници кон Европската Унија, прецизирајќи дека европските земји ќе одлучат дали повторно ќе ги отворат на 15 јуни.