Одлуката за избори треба да ја донесе Комисијата за заразни болести, не партиите, порачаа од ДУИ

by Fokus

Одржувањето на парламентарни избори во овој момент не е во агендата на Демократската унија за интеграции, порача вицепремиерот Бујар Османи откако деновиве повторно се наметна прашањето кога би се одржале изборите кои првично беа закажани за 12 април, но се одложија поради корона вирусот.

„Ако ме прашувате како претставник на ДУИ, изборите не се воопшто во агендата на ДУИ. Ние имаме две основни цели, тоа се здравствената криза со пандемијата и социоекономските последици кои ги создава. Сè друго што се наметнува како тема сметаме дека е дефокусирање на институциите и на политичката и општествената енергија во решавање на овие два проблеми. Нашиот став е дека одлуката за избори ќе ја донесе Комисијата за заразни болести, а не политичките партии или кој било друг општествен фактор“, – рече Османи.

Поврзани новости