Одлуката на Уставен за работната недела е основ за кривичен прогон на Ковачевски и Груби во случајот со коридорите 8 и 10-д, велат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Тоа што Уставниот суд еднаш укина одредба со која се предвидуваше 60-часовна работна недела за изградба на коридорите 8 и 10-д, а сега во договорот со изведувачот „Бехтел и Енка“ се дава таква можност, според ВМРО-ДПМНЕ е основ за кривичен прогон на премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби.

Груби и Ковачевски, велат од опозициската партија, го кријат договорот за изградбата на коридорите, затоа што тој ќе ја покаже целата нивна неодговорност како власт кон народните пари.

“Ова криминално дуо прифатило договор по непостоечки закони и прифатило обврски дека тие закони ќе ги измени, а доколку тоа не се случи во одреден рок тогаш тоа веднаш повлекува исплата 53 милиони евра буџетски средства како дополнителни трошоци, што би рекла Владата како ублажена форма на пенали.

Обврската која ја презеле во име на Собранието е да го изменат законот за работни односи и да дозволат 60 часовна работна недела. Патем Уставниот суд ваквото нешто го прогласил за неуставно со одлука од јули 2022 година. Токму таа одлука на Уставниот суд е основа за кривичен прогон на Артан Груби, Димитар Ковачевски и останатите кои осум месеци подоцна склучиле штетен договор кој значи дополнителни трошоци, или казнени пенали од вкупна вредност околу 200 милиони евра во времетраењето на изградбата на коридорите“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости