Доналд Трамп – екс претседателот на САД денеска ја осуди одлуката на актуелниот лидер на земјата, Џо Бајден да испрати касетна муниција како дел од новиот пакет помош за Украина. Тој предупредува дека овој потег може да доведе до Трета светска војна.
„Џо Бајден не треба да не влече кон Трета светска војна со испраќање касетна муниција во Украина – тој треба да се обидува да стави крај на војната и да ја запре ужасната смрт и уништувања предизвикани од неспособна администрација“ – рече Трамп.
Екс претседателот го повтори аргументот на многу критичари, велејќи дека неексплодираната касетна муниција „ќе убива и осакатува невини украински мажи, жени и деца во децениите што доаѓаат, долго по војната“.
„Не треба да ѝ ги испраќаме на Украина нашите последни резерви во време кога нашите сопствени арсенали, според Џо Бајден, се толку опасно намалени“ – изјави Трамп.