Одлука на грчката влада: ПЦР-тестовите не смеат да бидат поскапи од 40 евра

by Fokus

Владата на Грција со одлука воведе лимит за цените на тестовите за Ковид-19 со цел да се спречи енормен пораст на профитните маржи.

ПЦР-тестовите не смеат да бидат поскапи од 40 евра, додека брзите не смеат да чинат повеќе од 10 евра, јави МИА.

Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачи, Панајотис Стамбулидис, ова го објави на редовната прес конференција во Министерството за здравство на Грција, а одлуката е со цел да се спречи профитерството.

-Министерот за развој и инвестиции во следните денови ќе достави соодветен амандман според кој ќе може да се одредат највисоки крајни цени за добра и услуги неопходни за заштита на јавното здравје и економските интереси на граѓаните. По гласањето и објавувањето во Службен весник ќе се издаде министерска одлука со која ќе стапат во сила највисоките цени за вршење испитувања за коронавирусот SARS-COV2 за секој од приватните центри што ја нудат оваа услуга, изјави Стамбулидис.

Инаку во оваа земја цените на ПСР тестовите во приватните лаборатории сега изнесуваат од 70 до 90 евра.

Поврзани новости