Одложено судењето за двајцата насилници од Штип

by Fokus

Посебните мерки против ширењето на корона вирусот го одложи судскиот процес против двајцата штипјани кои во јануари навредуваа и тепаа девојка во влез на станбена зграда.

Насилството го снимаа на мобилен телефон, а на социјалните мрежи беше објавено на 2 април, по што полицијата брзо ги лоцираше, а судот во два наврати им одреди мерка притвор.

На барање на бранителот Валентин Зафиров да оствари контакт со својот клиент за да направи стратегија за судењето, јавниот обвинител се согласил, а судот прифатил ова право да биде искористено, при што судскиот процес да се одложи за 28 април.

Поврзани новости