88
Одложено судското рочиште против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко. Во Основниот суд Струга денеска започна судскиот процес против Мерко заради набавката на „Ауди“ од страна на Општина Струга.
Судењето е одложено поради обемната документација со докази што денеска ја доставила одбраната.
Обвинението за Мерко е поднесено 10 месеци откако САД лани во јуни го ставија на црната листа поради корупција и мешање во судски процеси.
Без претходно одобрување на Годишниот план за јавни набавки од општинскиот совет и во услови кога општината имала блокирана жиро-сметка, набавил 4 возила меѓу кои и аудито од речиси 67 илјади евра.