272
Одложено е судското рочиште во врска со нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид, што се води пред Основниот суд во Охрид. Во судницата беше присутен Пендиков.
Рочиштето беше одложено на барање на одбраната на второобвинетиот бидејќи сè уште во целост ги немаат разгледано доказите што Обвинителството им ги става на товар.
Aдвокатот на двајцата обвинети, Димитрија Цобоски, рече дека не му е позната содржината на обвинението за второобвинетиот.
Следното рочиште е закажано за 1 декември.