Генералното собрание на ОН требаше да гласа за резолуцијата за Сребреница на 2 мај, но гласањето беше одложено, потврди амбасадорот на Босна и Херцеговина во ОН, Златко Лагумџија.
– Во овој момент знаеме дека седницата нема да се одржи на 2 мај, бидејќи денеска го испраќаме текстот на резолуцијата на ревизија, доколку земјите членки на ОН имаат други предлози за текстот. Генералното собрание ќе се одржи по 6 мај, во зависност од распоредот на седниците, што ќе го знаеме во вторник – рече Лагумџија.
– Во оваа одлука учествуваше и мисијата на Босна и Херцеговина во ОН, со цел оние на кои им треба време или оние кои се подготвени за подобро разбирање на текстот на резолуцијата, дека како група пријатели и спонзори на резолуцијата, тие се отворени за понатамошни консултации – додаде тој.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во Њујорк имал сериозни и важни разговори со претставници на бројни земји за резолуцијата за Сребреница и оцени дека „многу луѓе се свесни, како и да гласаат, дека тоа нема ништо за направи со правдата и меѓународното право, но со политиката и геополитичките односи“.
Вучиќ на новинарите во Њујорк им рече дека Германците се „водачите“ и оние кои ја водат кампањата во ОН и надвор и ги убедуваат сите што не се убедени дека треба да гласаат за резолуцијата, да гласаат за да останат во добри односи со светските сили.