Одложено денешното судење за случајот „Диво Насеље“

by fokus

Денешното рочиште за судскиот процес Диво Насеље во кој на 37 обвинети има се суди за тероризам и терористичка организација, нема да се одржи.

Судењето е одложено за 21 јули, дознаваат од Макфакс.

Од Основниот суд Скопје 1 велат дека во текот на минатата недела од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје до судот доставиле барање за одложување на судскиот процес. Како причина за одлагањето е наведена неподготвеноста на Обвинителството.

Според адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи, обвинението е целосно промашено.

 

Поврзани новости