Спортските натпревари за учениците од средните училишта од Грција и Кипар што традиционално се одржуваат секоја година кај јужниот сосед, натпреварите за кои е потребен превоз, како и часовите по пливање за учениците, поради корона вирусот, привремено се одложуваат до 22 март 2020 со одлука на заменик министерката за здравство на Грција, Софија Захараки, јави дописничката на МИА од Атина.
Во документот испратен од Министерството за образование, објаснето е дека натпреварите се одложуваат поради тоа што е потребен организиран и масовен превоз на ученици и ученички низ целата земја.
Исто така се одложени и часовите по пливање во рамките на предметот физичко воспитување, со оглед на тоа дека и за тоа е потребен превоз од и кон базените.
Во однос на спортските активности во рамките на училиштата, нема промени и ќе се одржуваат регуларно.