Средбата на работните групи за спроведување на Договорот од Пржино која требаше да се случи попладнево е одложена. На оваа средба, претставниците на политичките партии требаше да се произнесат за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа како да работи МРТ.
Средбата е одложена поради тоа што на партиите им било потребно повеќе време за консултации. Освен за медиумите, работните групи треба да договорат решение и за методолигијата прочистување на Избирачкиот список.
Според предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за медиумите, Агенцијата треба да остане на сегашните 7 члена, со тоа што по двајца ќе предлагаат Здружението за новинари и Македонска асоцијација на медиуми (еден од нив да доаѓа од националните медиуми), а по еден член да предлагаат МАНУ, Адвокатската комора и Интеруниверзитетската конференција.
Што се однесува до финансирањето на МРТВ, Тодоров го изнел партискиот предлог медиумот наместо досегашните 0.14, да добива 0.17 отсто од државниот буџет, а воедно да остане обврската граѓаните да плаќаат радиодифузна такса.
ДПМНЕ предлага сто дена пред избори медиумот да има двајца уредници, по еден на предлог на власта и на опозицијата, додека во вестите секоја партија да добва онолку простор колку што освоила гласови на последните избори.