Одложена седницата на собраниската Комисија за здравство

by fokus

Седницата на собраниската Комисија за здравство на која денеска требаше да се расправа за Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции е одложена поради тоа што не бил преведен на албански јазик текстот на Законот.

Седницата, како што беше посочено, ќе биде закажана кога ќе се создадат технички услови за нејзино одржување.

Поврзани новости