Одложен Светскиот самит на муџахедините во Албанија

by fokus

Одложен е Светскиот самит на Слободен Иран, што требаше да се одржи следните два дена во Албанија, во кампот на муџахедините во близина на Драч.

Самитот е одложен по предупредувањата на Амбасадата на САД дека постојат сознанија за потенцијална закана насочена кон настанот и учесниците.

Претходно Американската амбасада предупреди дека владата на САД има сознанија за потенцијална закана насочена кон Светскиот самит на Слободен Иран.

Исто така ги повика своите граѓани да го избегнуваат овој настан, да ги следат локалните медиуми и да бидат свесни за нивната околина.

Во кампот на иранските муџахедини, припадници на МЕК, во Манза, кај Драч, на околу 30 километри од Тирана, сместени се  најмалку 3.000 муџахедини.

Муџахедините се сметаат за терористичка група од страна на Исламската Република Иран и со децении се во отворен конфликт со тамошниот режим.

Поврзани новости