Концертот на дуото ,,Некст тајм” кој беше најавен дека ќе се одржи во Спортската сала Јасмин во Кавадарци, на 22-ри октомври, е одложен. Тоа е последната информација која е објавена на страницата Купи карти за се, од каде можеа да се купат билети за концертот, но повеќе детали околу нов датум на одржување, или пак причините поради кои дуото нема да запее во Кавадарци, не се објавени.
Инаку, настанот беше најавен како голем спектакл кој ќе се случува во предвечерието на големиот македонски празник, Денот на македонската револуционерна борба.
Дури беше објавено дека е обезбеден бесплатен превоз во двата правци од Неготино, Градско, Велес и Росоман.
Влезниците се продаваа по цена од 500 денари за трибина и 600 денари за партер, но тие цени беа валидни до први октомври.
Ниту на официјалната страница на дуото нема детали за откажувањето на концертот. Инаку, ,,Некст тајм” изминативе години се доста актуелни со своите преработки на стари македонски песни, и често гостуваат на општински манифестации.
Вики Клинчарова