Набљудувачката мисија за изборите на ОДИХР кои го следеше гласањето, смета дека тоа поминало во натпреварувачки дух, но потребни се многу промени.
„Главните парламентарни партии имаат системски предности во распределувањето на ресурсите, меѓу другото и за медиумите. Негативната реторика често пати беше насочена кон жените и тоа го одвлече вниманието од некои други проблеми. Доцното спроведување на уредите за биометриска идентификација на гласачи предизвика дополнителни предизвици во спроведувањето на изборите. Повеќето одбори ги надминаа овие проблеми колку што можеа најдобро. Набљудувачите забележаа проблеми со тајноста на гласањето и често пати имаше групно односно семејно гласање што негативно влијаеше на учеството на жените. Постоеја и случаи на мешање во броењето и сите проблеми беа предизвикани од претставници на кандидатите“, изјави на денешната прес конференција шефицата на Набљудувачката мисија, Тана де Зулуета.