Славејќи го својот 20 годишен јубилеј, ПроКредит Банка низ својата нова кампања „Пример за одговорност“ нѝ отвора еден нов свет во кој одговорноста се покажува низ дела!
Што е она што ја прави ПроКредит банка различна од другите? Фактот што ПроКредит го гледа светот низ призмата на вистинските вредности и принципи, промовирајќи позитивна и одговорна култура на работење, но и живеење.
Токму преку кампањата“Пример за одговорност“, банката низ конкретни примери покажува дека вистински ја сака и се грижи за природата, дека е докажан партнер на малите и средни претпријатија кои придонесуваат за развој на локалната економија и дека она што го правиме сега, треба да остави позитивно влијание во иднина.
Во последно време се почесто можеме да ги сретнеме зборовите”еко” и “одговорност” презентирајќи ги мисијата и визијата на различникомпании,што многу ретко се поткрепува со бројки, постигнати позитивни ефекти и конкретно реализирани практики. Токму затоа, ПроКредит истапува чекор понапред и дава директни примери кои ги потврдуваат одговорните принципи на работа иго потврдуваат фактот дека се вистински одговорна банка која се грижи за луѓето, животната средина, бизнисите и иднината. По повод 20 годишнината на банката, издвојуваме 20 од нив.
Одржливост
1) 20% одкредитното портфолио на банката е еко, што ја прави доминантен лидер во овој сегмент на македонскиот пазар. Ефектот од поддржаните еко инвестиции придонесува за вкупна заштеда на 49.146 тони CO2, што е еквивалентно на отстранување од сообраќај на 24.573 автомобили за една година.
2) Банката финансираше повеќе од 150 соларни централиза производство на чиста енергија и поддржа над 400 домаќинства за еко инвестиции во енергетско ефикасни решенија.
3) ПроКредит се први во промоција на е-мобилноста. Изминатите години банката постави 25 полначи за електрични возила, јавно достапни за сите, бесплатно.
4) 70% од возниот парк на банката е електричен.
5) Рециклирањето е целосно имплементиран принцип на работење. Низ годините рециклирани се 20.240кг стакло, над 22.000кг хартија и над 200кг пластика.
6) Управната зграда на ПроКредит во Скопје е првата енергетско ефикасназграда во државата сомеѓународенEDGE сертификат. Со употребата на обновливи извори на енергија како геотермалните плински пумпи за греење и ладење и фотонапонска централа за сопствено производство на електрична енергија, дополнително се намалува потрошувачката на енергија.
7) Вкупно произведената енергија од инвестиции во хидро и соларни централи изнесува 72.000mWh, со што е произведена чиста електрична енергија еквивалентна на просечната потрошувачка на12.210 домаќинстваза една година.
Култура на штедење
8) ПроКредит Банка верува во штедење пред консумеризам–во своето работење на промовирање наменскиот потрошувачки кредити, а воедно практикуваат континуирана промоција на култура на штедење.
9) 65% од клиентите на ПроКредит од сегментот население се штедачи.
Одговорно кредитирање
10) ПроКредит има јасно утврдена листа на активности кои ја загрозуваат животната и општествената средина кои банката не ги кредитира. Дел од оваа листа се коцкарници, производители на пластика за еднократна употреба, градежни активности во национални паркови и сл.
11) Стабилноста и одговорноста се потврдени преку континуирано одржување на висококвалитетна кредитно портфолио со низок процент на нефункционални кредити од 1,89%.
12) ПроКредит Банка е првата и единствена банка во земјата која на годишна основа е оценувана од меѓународната кредитна агенција Fitch Ratings, уште од 2005 година.
Поддршка на локалните бизниси
13) ПроКредит е развојно ориентирана банка со фокус на мали и средни претпријатија кои ја движат економијата напред.Низ годините, ПроКредит поддржа 4.000 македонски компании, со што придонесе кон креирање на нови вработувања.
14) 90% од кредитното портфолио на банката е за поддршка на мали и средни претпријатија. Во периодод 20 години, ПроКредит го поддржа бизнис секторот сонад 60.000 кредити со вкупенволумен од ЕУР 2,2 милијарди.
15) Во ПроКредит Банка секој клиент е подеднакво важен, токму затоа секој клиент има персонализиран пристап и достапен личен банкарски советник за советодавна поддршка
Дигитализација
16) ПроКредит Банка е прва банка со комплетно дигитализирано работење и отворени 24/7 зони во државата.
17) Преку дигитализација, ПроКредит намали користење хартија за 90% во последните 10 години со што се зачуваат околу 450 дрвјагодишно.
Еднакви можности
18) ПроКредит промовира еднакви можности за сите -80% учество на женинараководителски позиции
19) ПроКредит нуди можности за кариера за младите. Банката инвестира над 22.000 часови годишно во обука на млади преку онбординг програмата. Денес тие претставуваат околу 45% од вкупниот број на вработени во ПроКредит.
20) ПроКредит Банка инвестира околу 60.000 часови годишно во обука на вработените, или во просек над 260 часови по вработен, се со цел обезбедување врвна услуга за клиентите.
Излегувајќи од рамките на секојдневните флоскули, ПроКредит Банка низ конкретни примери покажува дека принципите на работа, вистинските вредности, континуираната едукација, поттикнување на културата на штедење, целокупно подобрување на квалитетот на животот и воопшто економијата во целост се принцип на работа, но и стил на живот низ кои делуваат и прават промена.