Одговорните компании се компании кои инвестираат во развој на младите кадри

by Fokus

Пазарот на трудот денес брзо се менува поради влијанието на технолошките иновации, глобализацијата, демографските промени и еколошките предизвици, при што овие промени создаваат нови можности и предизвици за работниците, работодавачите и креаторите на политиките. За да се прилагодат на променливиот пазар на трудот, нужно за вработените е да стекнат нови вештини и компетенции, работодавачите да инвестираат во човечки капитал и иновации, а креаторите на политики потребно е да дизајнираат ефективни политики и институции кои поддржуваат инклузивен и одржлив раст.

Следејќи ги овие актуелни светски трендови, ПроКредит Банка веќе се профилира кај нас како целосно дигитализирана банка, што го редефинира класичниот опис на работното место “банкар”, каде вработените многу поголем дел од своето време го посветуваат на критичко и креативно размислување, квалитетна и персонализирана услуга кон своите клиенти, развој на нови производи и надоградување на своите вештини, наспроти рутинските оперативни активности кои се остваруваат на традиционалните шалтери.
За младите кадри повеќе не е доволно да добијат само добра плата и позиција, тие денес се стремат кон многу повеќе, односно пријатна работна атмосфера, флексибилност, колеги со кои функционираат како семејство, вредување на нивните идеи, постојани можности за напредок и секако, работна средина во која ќе се слушне нивниот глас. Нив ги привлекува работењето во компании кои се поистоветуваат со нивните етички вредности и кои имаат силен фокус на општествена и еколошка одговорност, компании кои постојано ги следат модерните текови, дигитализацијата, високото вреднување на човечките ресурси, како и иновативноста, а традиционалниот банкарски свет често е ригиден, па оттука им се создаваат безброј недоумици.

Ана Марија и Стефан се двајца млади кои се соочиле со истите сомнежи, но не се откажале од својата желба за квалитетно вработување. Па така поминувајќи ја онбординг програмата на ПроКредит Банка, која е наменета за млади и талентирани лица кои немаат претходно работно искуство, а сакаат да ги прошират хоризонтите во однос на банкарското работење, да работат во банка која „се движи“ со времето, да бидат онаму каде што припаѓаат, да учат од најдобрите и да станат дел од нив, ја добиле заслужената позиција. Тие го споделуваат нивното искуство со вас за работењето во уникатна работна средина, во банка која го цени карактерот на секој индивидуалец, придонесот на секој вработен и ги пресретнува очекувањата на младите и прогресивни кадри. ПроКредит знае дека светот останува на младите, па затоа инвестира во нивна успешна иднина.

ПР

Поврзани новости