Делегација на СДСМ во состав Петре Шилегов, потпретседател на СДСМ, Линдитa Шакири – Атанасова советничка во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ и коалицијата и Душко Весковски, претседател на ОО СДСМ Карпош, денеска на Градските гробишта Бутел во Скопје положија цвеќиња и им одддадоа почит на загинатите скопјани од катстрофалниот земјотрес кој се случи на денешн ден во 1963 година.
Цвеќиња положија и делегации на јавните претпријатија и културните установи на Град Скопје и членовите на Црвениот крст, како и припадници на други јавни институции од земјава оддавајќи им почит на жртвите во катастрофалниот земјотрес во далечната 1963 година.
Катастрофалниот земјотрес се случи на 26 јули 1963 година во 5.17 часот во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Скопскиот земјотрес се почувствува на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот беа урнати 15.800 станови, а оштетени беа 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.