Се одбројуваат деновите до одржувањето на 27. Златна бубамара на популарноста, закажана на 22.02. во арената „Борис Трајковски“.
Картите за овогодишниот спектакл се продадоа со рекордна брзина – зашто кај нас, ако имате карта, не ви треба нова лична карта ни пасош. Освен тоа, кај нас забавата секогаш е – безгранична, велат организаторите.
„Поради големиот број апликации, денес се пуштени уште дополнителни и последни 150 карти за овогодишната манифестација, на која закажуваме заедничко фотографирање за пасоши и лични карти, а може и за возачки дозволи. Ако во четврток, за време на манифестацијата добиете нова возачка, на пример, не мора да се плашите од сообраќајна контрола, зашто кај нас, согласно со духот на времето, ќе се пие – гола вода. Така, по овогодишната манифестација, ќе излезете од арената „Борис Трајковски“ апсолутно трезни – за се што се случува околу нас“ велат од организацијата на настанот.
Оттаму соопштуваат „Последните карти се во продажба од денес – насмејте се, ќе се сликаме!“.