714
Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска во вечерашното гостување во емисијата 360 Степени најави дека одбраната најверојатно ќе бара снимките кои ги снимаше Орце Камчев да не бидат користени како докази, бидејќи се прибавени на нелегален начин.
-Сега ќе треба да видиме дали тие снимки ќе можат да се користат како докази во постапката, бидејќи се прибавени на нелегален начин. Не можат да се „бомбите“ кои се користат како докази, бидејќи тие иако беа прибавени на нелегален начин, беа озаконети со Законот за специјално обвинителство. А, овие снимки се третираат како докази прибавени на незконит начин и како такви треба да бидат издвоени во постапката, вели Фрчкоска.