Одбраната бара јавноста да не слуша дел од бомбите, Пешевски вели така ќе го заштител државниот интерес

by fokus

Одбраната во „Траекторија“ не дозволува дел од бомбите да се слушнат во судница во присуство на јавноста, на што се спротивстави обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова.

Поранешниот вицепремиер Владимит Пешевски истакна дека бомбите не смеат да се слушнат бидејќи како што рече, на тој начин ќе се заштител државниот интерес.

Обвинителката Стефанова пак, истакна дека нема ништо тајно во овие разговори што не би требало да го слушне јавноста и бараше да се продолжи по дадениот распоред.

Судијата Горан Бошевски пак, истакна дека за овие бомби ќе се изјасни на крајот, бидејќи не можел сега да одлучува.

Специјалното јавно обвинителство за овој случај има обезбедено над 300 бомби, а до сега во судница се слушнаа петнаесетина.

В.В.

Поврзани новости