Одбележување на Денот на Европа под слоганот ThinkForward

by Фокус

Делегацијата на Европската Унија заедно со Европската куќа го одбележуваат 9 Мај – Денот на Европа 2022 година преку низа активности организирани под слоганот ThinkForward.

Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава, со оглед на тоа што 2022 година е Европска година на младите, програмата вклучува голем број активности кои ги вклучуваат младите.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир и младите европски амбасадори Рената Пенчова и Александар Каратошо денеска ќе имаат интеракција со младите од WB6 од Европската куќа во Скопје.

Поврзани новости