Одбележување на 120 години од смртта на Гоце Делчев

by Фокус

Владини делегации денеска положуваат цвеќе во црквата Св. Спас“ во Скопје, на одбележувањето на 120 годишнина од смртта на македонскиот револуционоер Гоце Делчев.

Во црквата „Св. Спас“ денеска пристигнаа претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а собраниската делегација ја предводеше потпретседателот на Собранието Горан Мисовски.

В.д. министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков минатата недела изјави дека не бил постигнат договор со Република Северна Македонија за заедничко одбележување на смртта на Делчев на 4 мај, иако имало такви договори и практики во претходните години.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, а загинал во селото Баница на 4 мај 1903, во борбата против турскиот аскер.

Останките на Делчев во првите години биле чувани во Баница, а потоа биле пренесени во Бугарија каде останале до 1946 година, кога се пренесени во Скопје.

Поврзани новости