Не патувам во Брисел да го презентирам планот, сакам да ја пренесам фрустрацијата на македонскиот народ која е огромна, изјави утрово премиерот Христијан Мицкоски, пред да отпатува за Брисел со министерот за надворепшни работи Тимчо Муцунски.
„Доколку стане збор за евроинтегративниот процес, јас сум тој што треба да ги брани и одбрани нашите македонски национални интереси. Сега имаме и повеќе аргументи. Сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонски граѓани, да ја пренесеме таму – таа е голема и огромна. Повеќе од деценија и пол, не сме во можност да почнеме преговори со ЕУ оти има вештачки наметнати пречки кои ниту една земја ги немала, како што ги имаме ние, изјави Мицкоски и порача дека „доста беа порази и политики и дипломатија на свиткана кичма и бакнување на чевли“.
Премиерот рече дека ќе го отвори прашањето за избегнување на билатерализацијата преку институциите на ЕУ.
„Сакаме да зборуваме за вредности, за почитување на човекови права и да знаеме дека како што ни беше ветувано во 2018 година дека за 3-4-5 години максимум, ќе го завршиме тој пат и ќе биделе дел од ЕУ. Сето останато се приказни и замки на кои немам намера да наседнувам, порача Мицкоски.