Од жена-мајор во македонската армија до успешен раководител на Ми Каса: Создадовме нови стандарди во угостителството!

by Fokus

Угостителскиот комплекс Ми Каса во Скопје, лоциран на Кале, им нуди едно поинакво доживување на посетителите, и е место кое остава впечаток со својата специфичност.

Стек хаусот со бутик хотел со 15 соби и спа центар е под раководство на Елма Демировска, жена која е поранешен мајор во македонската армија, а денес функционира во два града, Скопје и Истанбул, каде успешно ги води комплексите Ми Каса.

– Желбата да се сплотот различности, да се сплотат љубовта и храната, уживањето и задоволството на подадена услуга, желбата да никне новина исполнета со префесионалност, мајсторлук и квалитет ја создаде Ми Каса стек хаус.

Во центарот на Скопје, местото каде пред вас е се на дланка, градот и сето тоа што се случува, најубавиот поглед кој блеска во секоја доба од денот. Поглед комбиниран со храна и услуга која остава без здив. Е тука се наоѓа Ми Каса.

Оставив се зад себе, само да понудам нешто ново и квалитено, нешто што му фали на нашето Скопје, ново од храна, ново од услуга и нешто што ќе воодушеви, вели Елма и додава дека можела да си дозволи и го направила тоа, ја имала идејата и не и било важно колку ќе вреди.

-Донесов шеф со цел тим од Истанбул бидејќи не постоеше вистински стек хаус, учев што значи тоа, учев како се зрее месо, учев како професионално да се работи сето тоа. Шеф Хабип помогна во таа приказна. Месото патуваше од далеку, по неговото пристигање, тимот сам го подготвуваше секое парче месо во работилницата, сами ги подготвуваат плескавиците за нашиот познат бургер и на специфичен начин зрееа месо во специјалниот фрижидер. Имаат свои тајни кои лесно не ги даваат.

Тоа изгледаше толку совршено и во кујната и надвор од неа на масите на нашите клиенти. Ме воодушеви начинот на тимското работење на Турците зад сцената и надвор, ме воодушеви начинот на услуга која изгледаше како да не сме во Македонија, насекаде шоу, оган, игра, насмевки, забава…

Тимот имаше обрвска да ги забавува гостите, за да уживаат додека ја јадат храната која пред нив се подготвува. Дури и со делегации каде беа забранети допири тие заминуваа со прегратки од задоволство. Тоа изгледаше како во бајките – вели поранешниот мајор и додава дека не заработува за себе од овој бизнис и концепт кој тешко се организира за да биде вистински, бидејќи не користи евтина работна сила, напротив мајстори кои ги чува за да го заштитат брендот и квалитетот, а во исто време менито е прилагодено соодветно на нашите стандарди.

-Задоволство е да работите со професионалци, но и да бидете уникатни во квалитетот на храната и услугата. Да направиш спој на дисциплината и редот во угостителството е многу тешка задача, и го чувствувам мајорот во себе, а при секоја организација внимаваам да не настапам војнички.

Не смеам, тоа е сосема друг свет, таму има казни за незавршена наредба и мало задоцнување може да направи сериозен проблем, во туризмот и угостителството особено денес толеранцијата треба да биде висока доколку сакаме задачата навистина да се заврши.

Дали ,,мајорот” во мене помага во овој бизнис, па не бев строга со потчинетите ниту како мајор, секогаш работев тимски затоа што верувам во резултати со договор и заедничка соработка. Мајорот во мене помага во добра организација, ред, одговорност и почит кон државните обрвски. Нема разлика кон обврските бидејќи постојано си 24 часа војник и посветен кон задачите. Порано верна кон војничките должности, а денес верна кон клиентите, фидбекот е ист на различен начин.

Горда сум на претходната професија и тоа помага за регулирање на целокупниот живот, но со Ми Каса семејството е многу поголема жртва, посветеноста ги постигнува највисоките стандарди.

Кога би знаеле клиентите колку сопствениците и управителите се вложуваат да бидат задоволни но и сопствениот тим среќен, секогаш ќе бидат од наша страна-истакнува Елма.

Ми Каса е мал бутик хотел со 15 соби, спа центар и стек хаус, буквално се што треба на едно место и тоа, пријатен семеен одмор со спа услуги (масажи, сауна, амам и базан за релакс) како и избор на сите три потребни оброци подготвени од Шеф Хабип и неговиот тим.

Овде сите се едно големо семејство, паролата е ,,добродојдовте во нашиот дом”, дури ни чаршафите не се бели, туку се шарени за само да се чувствувате како дома, вработените ви се на услуга за се што ќе ви затреба, едноставно се е на свое место.

Во исто време, доколку сакате да ги организирате вашите семејни прослави, настани, роденденски журки, работни состаноци и забави па дури и свадбени веселби, тоа можете да го направите тука. Организацијата е на високо ниво, менито е сервирано топло а персоналот на Шеф Хабип чекаат наредби и стојат зад секоја ваша потреба, дотерани, облечени соодветно на организираната забава.

Вашите настани можат да изгледаат како сте во Холивуд, погледот и изгледот на Ми Каса, просторот во кој вашиот настан се случува е декориран така како што доликува, музиката гласна, во живо, останува само вие да уживате, но верувале или не Шеф Хабип со неговите шоуа не дозволува атмосферата да се сведе на минимум, бидејки се грижи за своите гости во домот.

На ова место дозволено е да се договори се, ама буквално се кога е во прашање добра храна, љубов, забава и уживање. Следен пат и вашите службени вечери со делегации договорете ги на ВИП протокол услуга која ја умее овдешниот ,,Македонски Нусрет”, мерете го времето на растојанието од стартерот до главното мени но и до десертот дали е по книгата на специјалната услуга додека шеф Хабип служи и тогаш проценете.

Вашите гости ќе бидат презадоволни и ќе се почудат дека и ова го има во нашата мала Македонија. Не чекајте, веднаш закажете се што во иднина сакате да го налиете со добро и квалитетно вино, со вкусна храна полна љубов и со поглед кој одзема здив закажете ја од сега и планирајте заедно, уживајте заедно со Ми Каса и прекрасниот тим, истакнуваат од угостителскиот комплекс.

Поврзани новости