Во моментот од Ковид-19 заразени се вкупно 9.058 граѓани, односно толкав е бројот на активно заболени. Од нив, 678 се лекуваат на инфективните одделенија, а вчера имавме поголем број на хоспитализирани, односно 733 пациенти. Намалениот број е можно да се должи на тоа што денеска е регистриран голем број на оздравени, односно 454 граѓани го победиле Ковид-19.
-На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 113 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 позитивни и 6 суспектни деца на Ковид-19 и 18 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 11 приеми, а вкупно хоспитализирани се 57 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 67, а во болницата во Штип се 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 315 позитивни и сомнителни на Ковид-19.