Од загадување на воздухот во Техеран во 2020 година починало 3.751 лице

by fokus

Загадувањето на воздухот во иранскиот главен град Техеран предизвика смрт на 3.751 лице за една година.

Шефот на Одделот за квалитет на воздухот и климатски промени при Министерството за здравство на Иран, Абас Шахсуни, сподели информации за студентската новинска агенција ИСНА околу проблемите предизвикани од аерозагадувањето.

Наведувајќи дека минатата година во Техеран починале 3.751 лице поради загадувањето, Шахсуни истакна дека овој проблем се појавува секоја година и дека законот за чистота на воздухот не се спроведува.

Шахсуни додаде дека старите и дизел автомобили, мотори и други горива се најголемите загадувачи на воздухот во Техеран.

Поврзани новости