403
Во вторник, 1 август, Собранието ќе ја започне петдневната расправа за ребалансот на Буџетот. Седницата со една точка на дневен ред: „Дополнет предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година“ е закажана за 10 часот.
Со Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017 се определуваат дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат финансиски средства согласно со потребите на буџетските корисници.