Се бара воздушна поддршка за да се стави под контрола пожарот над Вешала, што утрово зафати и букова шума, соопшти Центарот за управување со кризи.
ЦУК од утрово е во комуникација со институциите и силите за гасење на пожарот над село Вешала во Општина Тетово, што сè уште активен на недостапен терен, а со засилување на топлиот ветер што го засилува и огнот е зафатена букова шума.
Денескa, во 6.55 часот екипа од 10 вработени (ренџери) во Националниот парк „Шар планина“ од Тетово отидени на терен за гасење на пожарот. Од Националниот парк се бара и асистенција од другите надлежни институции што порано да се интервенира заради тоа што ренџерите со грбни ПП прскалки („напртњачи“) не ќе можеле да го локализираат пожарот.
Од терен е побарана итна воздушна поддршка заради неможноста пожарот да се стави под контрола.
Од ЦУК е побарана воздушна поддршка од ДЗС и МВР, а преку РЦУК Тетово е побарано од пожарникарите од ТППЕ Тетово да пратат камион со вода за ренџерите да имаат повеќе вода за интервенција.