Од ВМРО Кавадарци лажно пријавиле дека им се искршени стаклата на комитетот

by Fokus

Од ВМРО ДМПНЕ Кавадарци, на 29-ти септември, во Полициската станица во градот пријавиле дека непознат сторител им ги искршил стаклата од излогот на просториите на Општинскиот комитет, сместен на улица ,,Моша Пијаде’’ број 4.

Стаклата биле со димензии 150 * 100 сантиметри, и наводно биле искршени на 28-ми септември, во ноќните часови. Сепак, по извршените проверки, било утврдено дека станува збор за лажно пријавување.

,,По извршените оперативни проверки утврдено е дека се работи за лажно пријавување, бидејки оштетувањето на стаклото од излогот на партиските простории е настанато многу порано од датумот на пријавување’’ – информираат од СВР Велес.

В.К.

Поврзани новости