„Среќен почеток на Научно-уметничкото друштво од Тетово“, напиша високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Трајко Славески за најавата дека неколку општини ќе ја финансираат новата Албанска академија на науките.
Претседателот на Советот на Град Скопје и поранешен министер за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, универзитетскиот професор Трајко Славески, на Твитер напиша огромна честитка за иницијативата на партиите на Албанците во власта за отворање на „Академското здружение за наука и уметност на Албанците“ како пандан на МАНУ образложувајќи дека општеството и науката имаат потреба од такво нешто.
„Силно ја поддржувам иницијативата за основање на Научно-уметничко друштво (НУД) со работен наслов „албанска Академија на науките и уметностите“ со седиште во Тетово. Науката треба да се поддржува како замаец на прогресот во едно општество. Сигурен сум дека и ова НУД може да придонесе за јакнење на свеста за важноста на науката, а низ конкретни проекти да даде продонес во општествената сфера и развојот на економијата и индустријата во нашата земја.
Новото Научно-уметничко друштво со седиште во Тетово би требало да добие поддршка од веќе постојното слично научно-уметничко друштво со седиште во Битола. Друштвото за наука и уметност од Битола е основано во април 1960 година, а подоцна беше преименувано во Македонско научно друштво – Битола. Претставува стожер на научно-истражувачките и уметнички активности во Пелагонискиот регион.
Што се однесува до тетовското научно-уметничко друштво (во основање), би било добро тоа да се отвори и за членови од другите етнички заедници од Полошкиот регион, каков што е случајот и со битолското друштво за наука и уметност. Втората препорака се однесува на потребата поактивни во процесот на основање да бидат научниците и уметници од албанската етничка заедница, а не претставници од одредени политички партии.
Политичарите кои ја поддржуваат иницијативата се расфрлаат со ненаучни тези. Ќе издвојам една – дека, наводно, МАНУ била центарот на науката и најпродуктивната научна институција во земјата. Не е! Научно докажано, тоа се нашите универзитети. А на колегите научници и уметници, асоцирани околу НУД Тетово, им посакувам среќен почеток и плодна научно- истражувачка и уметничка дејност“, пишува Славески.
СРЕЌЕН ПОЧЕТОК ЗА НУД – ТЕТОВО
Силно ја поддржувам иницијативата за основање на Научно-уметничко друштво (НУД) со работен наслов “албанска Академија на науките и уметностите” со седиште во Тетово.
Науката треба да се поддржува како замаец на прогресот во едно општество. Сигурен…
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) October 15, 2024
Вчера идејата ја коментираше Марија Митева, портпарол на Владата истакнувајќи дека во Македонија веќе има академија на науките и уметностите и тоа е МАНУ.
Неговата објава, но и одлуката на општините Тетово, Гостивар, Желино и Чаир да ја финансираат иницијативата за основање на албанската Академија на науките и уметностите предизвика реакции на социјалните мрежи.
До кога со македонски пари ќе се финансираат проекти на албаносите за лечење на нивните фрустрации.
Наместо да се фокусираат да бидат лојални кон државата и да плаќаат даноци они ќе испумпуваат пари за албанска академија која е противуставна.
Има ли некој да ги сопре овие? pic.twitter.com/4nyYqbZfNy— Казаков М (@KAZAKOV_mk) October 16, 2024
Силно ја подржувам општина Шутка да финансира Академија на Ромските науки и уметности.
Ако можат сите, можеме и ние.
Ако биде бал, нека биде циркус.— Никогаш ЦД, само РОМ (@rambobiloba) October 15, 2024
Албанија го отвори првиот кластер од преговорите со ЕУ, Македонија отвора Албанска академија на науките!
— Anticommunist🇲🇰🇺🇦🇵🇱🇮🇱🇭🇷🇻🇪 (@roksetrokset) October 15, 2024
Или во превод, Владата ќе им дава пари за фиктивни проекти на градоначалниците од ВЛЕН, а тие ќе ги даваат на албанската Академија. Убаво го измислил Мицкоски ова. pic.twitter.com/wAGOrhBLIj
— Цандо Македонски (@CandoMakedonski) October 15, 2024
МАНУ е јавна установа уредена со посебен закон.
Академијата на албанците е на ниво со Академија Леонтич или Здружение на граѓани за заштита на козите или Академија за танц. Денес ја има утре ја нема.
Ама Цобе има две вијуги во мозокот и тие му се надвор од место каде треба да се. https://t.co/i6P2jQ83Ll pic.twitter.com/SPtDYlBWpy— 📍Султана ⚜️〽️ (@TheLordOfRE) October 15, 2024
Иницијативата за албанската Академија е поддржана од градоначалниците на овие општини, кои истакнуваат дека со ова вложување се обезбедува важен простор за научна работа и културна афирмација на албанската заедница.
Билал Касами, градоначалникот на Тетово, вчера изјави дека создавањето на ваква институција е долгоочекуван чекор кон зајакнување на албанскиот идентитет.
– Време е нашата заедница да има институција која ќе се грижи за нашето културно и научно наследство. Поддршката од општините е само првиот чекор – рече Касами, посочувајќи на неопходноста од вложување во науката и културата како основни столбови на развојот.
Одлуката да се поддржи оваа академија доаѓа во време на контроверзии и расправи околу улогата на етничките институции во земјата. Поддржувачите велат дека ова ќе отвори нови можности за промоција на албанската заедница, додека дел од јавноста ја прашува оправданоста на ваквите иницијативи. Општините, сепак, се убедени дека оваа инвестиција ќе има долгорочен позитивен ефект.
Коалицијата „Вреди“ од албанскиот блок веќе извесно време ја бранува политичката сцена со идејата за формирање на паралелна Албанска академија на науките и уметностите, што не наиде на поддршка кај останатите коалициони партнери и кај опозицијата. Тие изминатиов периов во повеќе наврати порачаа дека науката не треба да се поларизира и етнизира, а МАНУ треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. Ова е ставот зад кој застанаа и академици од МАНУ
Орце Костов